Седум совети да се разбудите убави

Ако подочниците, разбушавената коса или подуеното лице се првото што го гледате кога ќе се разбудите, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да изгледате совршено дури и ако станувате во 6 часот наутро.

1.Положбата на спиење

Ова се лоши вести за оние кои сакаат да спијат на стомак. Просечната тежина на главата е околу 3 до 3,5 килограми што создава приличен притисок на вашето лице. Повеќето дерматолози може да одредат на која страна треба да спиете по количеството бори што се создаваат на тој дел на лицето. Доколку не можете да спиете на грб пробајте да спиете на страна. А за сите оние кои можат да спијат на грб, потрудете се перницата да ви биде малку поголема, затоа што така гравитацијата ќе овозможи побрз проток на крвта и лимфите, и нема да се создаваат вишок течности, односно нема да се будите со перничиња под очите.

beautysleep_main2.Избелете ги забите

Ако сакате наутро да се разбудите со убава насмевка навечер едноставно премачкајте ги забите со средство за избелување заби и наутро ќе имате блескава насмевка.

3.Хидрирајте ги стопалата и рацете

Намачкајте ги стопалата со помрсна крема, може дури и вазелин, потоа облечете чорапи за да ја задржите кремата на стопалата и така преспијте. Наутро ќе се разбудите со негувани стопала. Доколку не ви смета може истото да го направите и со рацете, односно да ги намачкате, а потоа да ставите тенки памучни ракавици и така преспијте. Вашите раце наутро ќе бидат понежни.

4.Врзете ја косата

Благо врзете ја косата на врвот на главата. Ова ќе придонесе вашата коса наутро да добие на волумен.

5.Третирајте ја косата додека спиете

Еднаш неделно нанесете маска за коса и преспијте со неа. Наутро кога ќе ја измиете вашата коса ќе биде убава и негувана.

6.Разбудете се со сјајна кожа

Измешајте течна пудра со ноќна крема или користете крема која во себе содржи тонер. Најдобро е кремата да ја нанесете еден час пред спиење за да не се тргне со допир со перницата.

7.Перница од сатен

cci-071_1z (1)

За да ги намалите ситните бори или изгужваниот изглед на лицето, ставете сатенска навлака на перницата. Сатенот е многу помек материјал од памукот.

- Реклама -