Седум оскари за „Опенхајмер“ – zoom.mk

Филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан освои седум Оскари на наградите што се одржаа во неделата во театарот Долби во Лос Анџелес.
„Опенхајмер“ освои награди за најдобар актер и споредна машка улога, режија, монтажа, кинематографија, музика и филм на годината.
Ирецот Килијан Марфи, кој го игра американскиот физичар Роберт Опенхајмер, беше награден како најдобар машки актер. Роберт Дауни Џуниор ја доби наградата за најдобра споредна машка улога – го играше противникот на Опенхајмер и политичар Луис Штраус.
Четири Оскари добија филмот „Poor things“ – за најдобра актерка, шминка и фризура, сценографија и костим.

Извор