Во последните 100 години човештвото доживеа технолошки напредок за „секоја чест“.
Достигнувањата во областа на науката и технологијата ги направија нашите животи полесни и повозбудливи, но отпадот кој што го оставаме зад себе по лицето на земјата, е најголемиот човечки неуспех. Загадувачи има од секаков вид – хемиски, нуклеарни, електронски отпад. Сите тие сериозно ја уништуваат животната средина, а ние збунети бараме нова планета.
Многу места од Земјата се толку драстично погодени што животот во нив веќе е невозможен – како на пример, украинскиот град Чернобил, кој е сведок на најголемата нуклеарна несреќа во човечката историја и оттогаш е пуст град на духови.
Во листата на отровните места во светот можат да се вклучат илјадници градови и локации од многу земји на планетава. Следните сепак се навистина токсични:
Линфен, Кина
Смогот во големите метрополи во светот е како маглата, во споредба со испарувањето на Линфен, кој се смета за “највалканиот град во светот”. Воздухот тука е толку неподнослив поради индустриското производство, автомобилските гасови и користењето на јаглен, што и белата облека буквално поцрнува.
Great Pacific garbage patch
Се наоѓа во Тихиот Океан и претставува огромна површина покриена со пластичен отпад. Според некои овој “остров” е два пати поголем од американската сојузна држава Тексас и се протега на неодредена длабочина во водите на океанот.
Рондонија, Бразил
Дрвјата на илјадници и илјадници хектари површина се отсечени и изгорени. На некогашниот зелениот регион сега живеат стада добиток.
Реката Јамуна
Иако се прават сериозни обиди од владата за нејзино чистење, реката Јамуна во Индија продолжува да биде заглавена од отпад. Капацитетите за прочистување не можат да се справат со огромната количина отпадни води кои ги исфрла Њу Делхи секој ден.
Ла Ороја, Перу
Го нарекуваат “најтоксичниот град на Земјата”, а дури и го споредуваат со загадувањето во Чернобил. Рударите добиваат обоени метали, при што се испуштаат огромни количества олово и кадмиум, кои се стотици пати над нормалата.
Езерото Карачаево, Русија
Тука зрачењето е толку силно што човек може да добие смртоносна доза само во рамките на еден час. Ракот е огромен проблем меѓу работниците лоцирани во близина на нуклеарниот објект што ги загадува како езерото, така и околината.
Вселена
Човекот остава огромна трага од загадувањето и во вселената. Се проценува дека околу Земјата кружат над половина милион остатоци од вселенски објекти и бродови, кои се натрупале со годините. Овој факт покренува огромна загриженост за потенцијални инциденти со сателити, кои сериозно може да наштетат на комуникациите на планетата.