Фудбалерите на Нигерија во четвртфиналето на Африканскиот куп на нациите ги исфрлија со 2:1 најголемите фаворити на турнирот, соиграчите на Дрогба од Брегот на Слоновата коска и во финале ќе си ги измерат силите со играчите на Мали.
Африканскиот куп на нациите полека се приближува до крајот, а со самото тоа и на сите оние кои стигнуваат до него им растат апетитите. Се разбира и на играчите на Нигерија кои во четвртфиналето ги запреа најголемите фаворити, играчите на Брегот на Слоновата коска.
Но, освен на „орлите“, апетитот им расте и на нивните навивачи, но и на „пријателките на ноќта“ кои им испратиле неморална понуда.
„Сакаме да им оддадеме признание на играчите за сѐ што направија до сега. Сакаме да ја вратат слават на фудбалот во нашата земја каква што беше некогаш. Во знак на поддршка, ќе им пружиме една недела бесплатен секс ако се вратат дома со пехар“, ветила во име на Здружението на проститутки на Нигерија, Џесика Елвис.