Седнала во погрешен воз, исчезнала и се вратила после 37 години!

Џијанг Ај – ву (43) се изгубила во Кина кога на своите 6 години влегла во погрешен воз, а ја пронашла својата мајка 37 години подоцна.Во својата родна провинција Хуан, на југот од централна Кина, се изгубила со локален воз обидувајќи се да стигне во својот дом.

„ Не знаев каде се наоѓам. Од еден погрешен воз, преминав на друг и така во круг. Колку повеќе се обидував да го пронајдам патот до дома, шансите стануваа се помали“, раскажува таа.

Mums Astonishing Reunion After 37 Years With Daughter

Исплашеното девојче завршило на 725 километри од својот дом, во една провинција во Џијангс, на исток на Кина, каде што државата и обезбедила старателско семејство.

„ Отсекогаш сакав да ги пронајдам своите родители, но бев мала, не ја знаев ни адресата. Се обидував да го водам животот што го добив, но постојано се надевав дека мама и тато ќе дојдат до мене“.

Во меѓувреме родителите спровеле истрага, но безуспешно. Се додека нејзината мајка еден ден не добила повик, каде што женски глас ја прашал дали некогаш имала ќерка која што ја изгубила.

Mums Astonishing Reunion After 37 Years With Daughter

Пресреќната Ај – ву повторно има своја фамилија, на која што се навикнува од почеток, со оглед на тоа што бројот на членови е многу  поголем.

Mums Astonishing Reunion After 37 Years With Daughter

- Реклама -