Seavus сериозна конкуренција за Zynga, Big Fish, Playtika и Electronic arts

Македонскиот технолошки гигант Seavus, кој веќе 13 години успешно оперира на светскиот пазар за напредни технологии и софтверски решенија, во последниов квартал како логичен развоен резултат успешно пенетрираше во нов пазарен сегмент во индустријата за игри. 


Seavus во последната година успешно зачекори во индустријата за креирање на игри, рамо до рамо со светски најпрестижните компании од оваа индустрија. Во портфолиото на компанијата се наоѓаат најсовремени бизнис решенија.

slika“Технологијата постојано се развива и менува со голема брзина, динамика и непредвидливост. Индустријата за игри пак е одличен репрезент за овие развојни процеси. Активностите и навиките на потрошувачите во оваа индустрија не се исти денес како што беа пред десет, пет, една година. Ја разбираме големината и потенцијалот на пазарот на мобилни i on line игри и токму во таа насока се разви и новиот проект на Seavus. Создаваме решенија и игри кои се подготвени не само да ја поддржуваат растечката светска експанзија на индустријата на игри, туку и во клучните сегменти да ја предводат”, вели Игор Лештар главен извршен директор на Seavus.

Како резултат на големата успешност во креирирањето на најсовремени бизнис решенија оваа година се очекува од страна на Seavus да бидат објавени голем број на нови мобилни и on line игри. Рушејќи ги бариерите на разни уреди и платформи игрите на компанијата Seavus се достапни на сите уреди, а наскоро ќе бидат достапни и на Facebook.

Во конкуренција од 70 илјади апликации, две игри на компанијата Seavus успешно се изборија за две од десетте најдобри мобилни и on line игри, во категоријата за најдобри игри со коцки и во категоријата за најдобри казино игри на светскиот натпревар за најдобри апликации за iOS платформата BestAppEver.

Апликациите на Seavus се борат во директна конкуренција со светски најпознатите компании за игри: Zynga, Big Fish, Playtika и Electronic arts.

Играта Yatzy Ultimate на Seavus е номинирана како една од најдобрите десет игри со коцки на светско ниво и до сега ја играат повеќе од 1.200.000 играчи во целиот свет, а најомилена e меѓу играчите од Скандинавија и Америка. Достапна е за сите уреди на пазарот, во платена и бесплатна верзија: iOS, Windows 8 и Windows phone.
Black Jack Ultimate, пак, е играта која е номинирана за една од најдобрите десет казино игри во светот. Ова е игра која ја играат милиони играчи од цел свет, а најголем број се од Америка. Достапна е бесплатно за iOS уредите.

Натпреварот за најдобри апликации за iOS платформата BestAppEver се организира еднаш годишно, од страна на Steel Media Network, светски лидер во маркетингот на апликации.

 

- Реклама -