Најголемата софтверска компанија во Македонија, Seavus, го продолжува својот раст, воден од зголемениот обем на работа и влезот во нови сегменти од ИТ индустријата.
Насочени кон отворање на нови канцеларии во поширокиот регион на Југоисточна Европа во јануари и февруари годинава, Seavus отвори две нови канцеларии, во Охрид, Македонија и во Крагуевац, Србија.
Технологиите на кои ќе се работи во овие две канцеларии се .NET I Java, но тоа нема да се единствените кои ќе се практикуваат токму поради зголемените барања за модерни технолошки решенија на интернационалните и локалните пазари.
Преку инвестирањето и отвoрањето на нови канцеларии во земјава, компанијата инвестира во развојот на локалните ИТ таленти помагајќи им да се придружат кон тимот кој постојано се стреми кон иновации и секојдневно бележи раст.
Водени од желбата за поголем развој на оваа индустрија во Македонија, компанијата вложува во отвoрање на канцеларии надвор од Скопје, во градови во кои верува дека постои вистински потенцијал на ИТ кадри. Со тоа Seavus придонесува и за развој на помалите градови преку отвoрање на нови работни места.
Регионално, Seavus e присутен преку канцелариите во Белград и Ниш, а на своите први проекти веќе активно работи и новоотворената канцеларија во Крагуевац.
Како што дознаваме, трендот на ширење на Seavus ќе продолжи во 2014 година со уште најмалку 2 канцеларии. Фокусот на ИТ гигантот во овој период е насочен кон другите градови во Македонија, регионот и Југоисточна Европа.
***
Seavus® е компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Компанијата брои преку 500 ИТ експерти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded програмирање, мобилни апликации и гејминг решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации по барање на клиентите. Во портфолиото на Seavus се вбројуваат над 3500 клиенти, меѓу кои светски телеком оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.