Сé за кондомите и олимпијадите

vllkyt4m1h83h5p2m.r600x315.cc460a07[1]

Првиот рекорд на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро беше регистриран уште пред свеченото отворање, кога беа нарачани 450.000 кондоми за спортистите.

Во Бразил се натпреваруваат 10.500 спортисти, што ќе му дојде по 42 кондоми по глава на олимпиец т.е. по 2 дневно – под претпоставка дека секој од нив ќе остане да престојува во селото до крајот на олимпијадат. Предвидени се и 175.000 пакувања лубрикант. Овие бројки се однесуваат на официјалната набавка, пред со дополнителни залихи да се вклучат и Австралија, Велика Британија и други земји.

Инаку, за нај… „опуштена“ беше прогласена олимпијадата во Лондон, ама во споредба со Рио, во Лондон беа поделени „само“ 150.000 кондоми.

Кондомите всушност станаа незаменлив дел од историите на секоја од последните Олимпијади. Првите податоци за тоа доаѓаат од Сеул во 1988 година, кога се делат 8.500 кондоми. Многумина од нив завршија фрлени по покривите на куќите во Олимпиското село, што доведе до официјална забрана за секс на отворено.

Во 1992 година, на Игрите во Барселона, бројот на поделени кондоми е поголем за повеќе од 10 пати – 90.000, иако во Атланта, во 1996 година, бројот падна на 15.000 кондоми.

Првично обезбедените 70.000 кондоми на Олимпијадата во Сиднеј исто така не беа доволни, па за потребите на Игрите беа направени и дополнителни испораки. Во Атина во 2014 година, беа доделени 130.000 кондоми.

Оваа година, медиумите се сепак најимпресионирани од самостојната иницијатива на националните олимписки комитети. Австралија, на пример, обезбеди дополнителни 1.500 кондоми покрај веќе набавените од организаторите на Игрите, кои ги поделија меѓу спортистите на австралискиот олимписки тим уште пред неговото заминување за Рио. Идејата беше да обезбедат соодветна заштита од вирусот зика.

Не само што кондомите на Австралијците се специјални – премачкани се со антивирусен лубрикант, туку по враќањето од Олимпијадата, австралиските спортисти ќе мораат да се подложат и на крвни тестови. Причината: се проценува дека вирусот зика се шири по полов пат, дури и шест месеци по заразата со него.

А што всушност прават олимпијците со 450.000 и кусур кондоми?

cond23

Реалноста е дека обемот на овие екстра активности кои наводно атлетите ги имаат вон „работниот опис“ – всушност се во голема мера извадени од пропорција; барем така тврдат извори од олимпијците.

„Тешко е да се спанџаш кога имаш единечен кревет и живееш со цимери“, вели еден анонимен извор. „Не заборавајте, дури и Мајкл Фелпс има цимер. Не е важно колку си познат и голем како спортист. Се разбира дека луѓето се ‘муваат’, но бројот на кондоми кои ги доделуваат во ниеден случај не соодветствува со потребите“.

Како што пишува USA Today, кондомите не им ги ни доделуваат туку така.

„Сите зборуваат околу тоа колку многу кондоми има за секој спортист, но не ти ги даваат така едноставно“, вели Александре Халдеман – пливач од Швајцарија. „Мораш да одиш и самиот да ги земеш“.

А мораш да ги земеш од џиновски зелени вендинг машини кои се лоцирани во јавни простори, како што се халите за храна или другите хали за престој. А тоа, според Кларк Џонстон од Нов Зеланд (натпреварувач во јавање), значи дека „морате да го вклучите проклетото нешто“, што подразбира навистина гласен и тап звук. Со други зборови, сите во звучниот радиус ќе знаат што наумил тој што ќе реши да земе кондоми.

„Да бидам искрен, отидов и земав еден грст колку што можев најбрзо, и заминав“, признава Џонстон.

Пакувањата на кондомите го немаат олимпиското лого на амбалажата, но изворите велат дека многу од олимпијците сакаат да ги земаат за спомен.

„Сторијата околу кондомите што секоја година одекнува во медиумите, всушност е преувеличен Пи-Ар потег“, вели анонимниот извор. „Олимпијците воглавно ги земаат за сувенири“.

- Реклама -