Се урна руски воен транспортен авион (ВИДЕО)

Руски воен транспортен авион се запалил и се урнал во регионот Иваново североисточно од Москва, јавија денеска локалните медиуми.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот ИЛ-76 се спушта кон земјата со еден од моторите во пламен. На друга снимка се гледа облак црн чад што се издига од местото на несреќата.

Руските власти се уште не го коментирале за падот на авионот, пишува Москва тајмс.

Прочитајте и:  Каспаров: Конфликтот во Украина е дел од глобалната војна на слободниот свет против диктатурите
- Реклама -