Се степале поради Гоца Тржан

Гоца Тржан е виновна за тепачка која се случила пред нејзината зграда.

Соседите на Гоца гледале вистинска сапунска серија која им се случувала под балконот. Еден од соседите раскажува дека Раша (поранешниот дечко на Гоца) видно пијан се појавил под нејзината зграда и започнал да го довикува нејзиното име.

За тоа време, таа била во станот со новиот дечко, некој згоден Црногорец, кој страшно се налутил поради сцената.

„ Се видовме, а гледавме, бидејќи тепачки околу девојка ретко се случуваат. Раша му се фрли на дечкото, а попатно ги навредуваше и двајцата. На Гоца и рече дека се кае што ја запознал, а него му се закани дека ќе го убие. Иако Гоца неколку пати велеше да се повика полиција, ние не го направивме тоа бидејќи добро го познаваме Раша. Тој е добар дечко, се напил, скршено му е срцето, па не знае што прави“, раскажуваат соседите и додаваат дека Раша ја прекинал тепачката и си заминал.

- Реклама -