Во рамки на турнејата на Гинисовата книга на рекорди, најнискиот и највисокиот човек на светот се сретнаа за прв пат во Истанбул.
Во рамки на турнејата на Гинисовата книга на рекорди, најнискиот и највисокиот човек на светот се сретнаа за прв пат во Истанбул.
Највисокиот човек на светот (246.5 cm) Султан Косен, се сретна со најнискиот човек на светот (74.61 cm) He Pingping, во неговата родна Турција. Султан Косен беше прогласен за највисок човек на светот со што влезе во Гинисовата книга на рекорди минатиот септември и иако ужива да патува по светот како резултат на новоздобиената слава, тој вели дека е среќен што се вратил во Турција и горд е што како домаќин ќе му го покаже Истанбул на Pingping. Косен вели дека имал желба да се запознае со Pingping уште откако бил прогласен за највисок и дека одвај чека да му го покаже неговиот убав град.