Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ на Твитер профилот го објави допишувањето со Ким Кардашиан.
Позната по нејзиниот остар јазик, пејачката Марија Шерифовиќ нема проблем со тоа да каже на секому што навистина мисли. Така и овој пат ни американската старлета Ким Кардашиан не била поштедена од коментарите на Марија.
Марија на својот Твитер профил го објавила допишувањето со Ким. Поточно, ѝ упатила неколку искрени желби и совети кои би ѝ помогнале во понатамошната изградба на светската кариера.
На молбата на Ким Кардашиан некој добар човек да ѝ помогне со проблемот за поставување на слики од Твитер на Инстаграм, Марија се помудила со вистинско решение- старлетата наједноставно да ги избрише и двата профила на социјалните мрежи.
Веројатно Ким се разбрала- затоа што не за џабе е кажано „причај српски да те цел свет разуме.“ 😉