Сé повеќе стрејт мажи имаат тројки со нивните машки пријатели…

Студијата на британскиот социолог д-р Рајан Скоутс, кој има докторат по секс тројки (и ние не знаевме дека постои), покажува дека сексуалните активности од типот „двајца мажи и жена“ се во пораст. Овој тренд Скоутс директно го припишува на општествените промени во ставот кон хомосексуалноста.

Продлабоченото прифаќање на сексуалноста, како и блиските другарства (читај: броманси), водат кон тоа мажите да ги користат тројките како начин за зближување со својот пријател, тврди Скоутс. Сепак, „има многу малку физичка интеракција меѓу мажите во MMF (male-male-female; маж-маж-жена) тројките, заклучува тој.

Повеќето од жените, пак, се плашат од помислата да имаат секс со двајца мажи. Потешко се сложуваат на таква тројка бидејќи ги плаши недоволната интимност и се чувствуваат како објект од порнографска сцена. Но кога има интеракција, или кога се знае дека ќе има интеракција меѓу мажите за време на чинот, стравовите кај жената омекнуваат, вели Скоутс. Чинот го доживуваат многу поинтимен и тоа ја намалува анксиозноста.

Но, да се вратиме на мажите. „Промената на општеството кон помалку хомофобично“, вели Скоутс, „им овозможува на помладите мажи да се впуштаат во тројки со други мажи без да биде предизвикана нивната сексуалност. Трендот прераснува во броманси, и покажува дека модерните мажи се сé покомотни околу нивните машки пријатели“.

. . .

Студијата на Скоутс, додуша, не е така убедлива. Спроведена е врз само 30 машки студенти од универзитетот во Бирмингем Сити. Од нив, третина (10) се изјасниле дека имале тројка веќе до втората година на студирање, а 6 рекле дека имале тројка повеќе од еднаш.

Не му е убедлив ни заклучокот. Глупо е да се тврди дека „ослободувањето“ на сексуално поле е производ на „намалената хомофобија“, а да се игнорира дека живееме во длабоко сексуализирано време во кое порното е на еден клик и изобилува со секс тројки во секаков формат. Како резултат, и жените се можеби повеќе охрабрени да се впуштаат во тројки (само претпоставуваме, ги немаме бројките).

Е сега, дали сето ова е добар или лош тренд, веројатно зависи од тоа кого ќе прашате. За некого е слобода, за друг декаденција. За победничко-ослободителниот шмек што можеби го насетивте читајќи го текстов, заслужни се Independent, кои и ја пренесоа веста. Ние само сакавме да ви укажеме до кај е стигната работава.

 

- Реклама -