Се појавија сите карактеристики на Samsung Galaxy Note III

Околу две недели пред официјалната премиера, која ќе се одржи во рамките на технолошката изложва IFA во Берлин, се појавија сите карактеристики на фаблетот Samsung Galaxy Note III.

Моделот, со број SM-N900 може да се пофали со процесор Exynos 5420, кој работи со архитектура ARM big.LITTLE со четири јадра Cortex-A15, кои работат на фрекфенција 1,8 GHz и четири дополнителни јадра Cortex-A7 на 1,3 GHz.

На осумјадрениот процесор ќе му помага шестјадрениот графички забрзувач ARM Mali-T628 MP6, а освен тоа ќе има и 3GB RAM. Вградената меморија на Note III пак ќе е 16, 32 или 64, во зависност од неговата модификација, а и трите ќе имаат microSD слот за картичка.

Фаблетот на Samsung ќе работи со 5.68-инчен Super AMOLED со Full HD резолуција (1080х1920 поени), како и 13-мегапикселна камера со оптичка стабилизација.

Моделот ќе работи со оперативен систем Android 4.3 Jelly Bean, а неговата батерија е со капацитет од 3450 мАч. Во прелиминарните информации за моделот се вели исто дека се очекува и модификација која да работи во LTE мрежи, која сепак ќе е со друг процесор – најверојатно Qualcomm Snapdragon 800.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -