Се оженил со 81-годишна баба за да избегне да служи воен рок (ВИДЕО)

Момак од Украина успеал да избегне да служи воен рок така што веќе две години е во брак со жена која од него е постара 57 години. Иако сите го критикуваат и сите се свесни дека се работи за измaмa, Александар Кондратјук пред законот е сосема чист.

Поканата да служи едногодишен воен рок младиот Украинец ја добил кон крајот на 2017-та. Сите военоспособни Украинци ја добиваат на возраст од 18 до 26 години и мораат да се пријават, со исклучок во еден случај – ако се грижат за жена со инвaлидитeт. Снаодливиот Александар така ја нашол 81-годишната Зинаида Иларионова, која е баба на негов роднина. Бракот, како што рековме, го склучиле кога тој имал 22 години, а штом наполни 26 и стане престар за во војска, веројатно и ќе се разведе, пишува Oddity Central.

Случајот почнал да ги полни насловните на украинските медиуми на почетокот во 2018-та, кога локалниот воен комесар поднел пријава до обвинителството во надеж дека ќе успее да го поништи бракот на Александар. Воениот комесар бил убеден дека младиот Украинец ги лажирал документите, но истрагата покажала дека парот е легално венчан и живее во селото Бајковка, недалеку од градот Vinnytsia (се чита и Виница), од каде доаѓа Кондратјук.

Откако од канцеларијата за регистрација на цивилни акти потврдиле дека бракот е законит, војската веќе немала избор освен да се откаже. Меѓутоа, порано месецов украинскиот печат повторно го актуелизираше случајот и побара од претставниците на армијата да одговорат што планираат да направаат во врска со тој конкретен (засега несуден) војник.

Директорот за регрутација, меѓутоа, потврди дека во случајот нема некаков посебен прогрес. Според законот, Кондратјук има право да го прескокне воениот рок бидејќи се грижи за регистрирано лице со инвaлидитeт, својата сопруга. А со оглед дека е приложен и валиден венчален лист и документ кој докажува дека Александар живее во домот на својата сопруга, војската не може ништо да направи.

24-годишникот, од своја страна, упорно негира дека со 81-годишната Зинаида се оженил само за да избегне да служи војска и тврди дека бракот е базиран на искрени чувства. Таа пак, за новинарите тврди дека тој е добар сопруг и дека добро се грижи за неа.

Нивните соседи, пак, пред камера зборуваат дека се работи за „чиста пpeвара“. Зинаида, велат, почесто ја посетуваат внуците и правнуците, отколку нејзиниот млад сопруг. Војската, сепак, нема намера и понатаму да се бави со случајот, па по сѐ изгледа дека Александар ја добива и битката, и војната. Штом наполни 27, слободен е како птица, барем што се однесува до служењето војска.

- Реклама -