Крадец на автомобили во Норвешка останал заклучен во автомобилот кој се обидувал да го украде. Немајќи друг излез, се јавил од својот мобилен во полицијата во Трондхајм и побарал помош.
Според норвешката телевизија NRK, се работело за 17-годишно момче, кое и од порано ѝ било познато на полицијата поради помали прекршоци.
Засега останува тајна зошто се блокирале сите врати и младиот крадец (во обид) останал заробен во возилото. Тоа што не е тајна е дека 17-годишникот или не можел, или не му текнало да скрши прозор.
Како што објави локалната полиција на Твитер, тие веднаш побрзале да го „ослободат“ и да го спроведат во притвор.