Преку милион луѓе го погледнаа видеото со несмасниот криминалец. Многумина се изнасмеаја на неговиот обид да ограби банкомат, со оглед на тоа што кармата го стигна порано од очекуваното. Иако машината била целосно уништена од силната експлозија, сепак, крадецот не успеа да стигне до парите со оглед на тоа што беше отфрлен од силната експлозија, и веднаш побегна со сериозни повреди по телото. Целиот настан се случил пред неколку дена во едно мало индустриско градче во Австралија, а човекот од видеото бил пронајден и уапсен.