Се местело и во тенис, дури и на Вимблдон

tenissssss

Во тенисот можеби е и најлесно да се намести натпревар, а за тоа никој да не знае бидејќи на теренот има само двајца натпреварувачи кои ја знаат поинаквата вистина, а понекогаш можеби и само едниот.

Би-Би-Си открива неверојатен скандал по истрагата која трае од 2007 година. Во тенисот се местело без осет. „Тенис Интегрити Јунит“ вели дека 16 тенисери од моменталните топ 50, некои од нив и освојувачи на Гренд Слеми се вмешани во овој скандал.

Се местело дури и на Вимблдон.

Сепак, Би-Би-Си сè уште нема да излезе со имиња, бидејќи сè додека не се добие пристап до нивните банкарските сметки и  компјутери, не може да се утврди веродостојноста на овие податоци. Тоа е и следната фаза на истрагата.

Марк Филипс, еден од истражителите на скандалов кој работи на овој случај уште од 2007, за БИ-Би-Си подвлече дека постојат десетина тенисери кои се јадрото  на овој проблем.

 

- Реклама -