Се издигна куќа од соништата на саемот Технома

Куќа од соништата се издигна на годинешниот Меѓународен саем Технома. Направена според врвни и најмодерни дизајнерски и технолошки решенија, таа ја претставува совршената слика за тоа како треба да изгледа еден идеален дом.

Куќата е креирана од страна на познатите брендови, Техномаркет и Самсунг, а за нејзиното уредување искористени се најсовремени Самсунг производи, како и производите на Coincasa, италијанскиот бренд за уредување во домот.

Kukja od sonishtata_Tehnomarket i Samsung (2)

Посетителите на саемот Технома, имаат можност да го прошетаат внатрешниот дел на куќата и да бидат сведоци на оргиналната замисла, реализирана од страна на Техномаркет и Самсунг. Освен тоа, за секој заинтересиран посетител следува купон со попуст кој може да биде искористен во било која продавница на Техномаркет до 20 октомври 2013 година.

Совршениот и хармоничен семеен живот во неа се потрудија да го доловат познатиот шоумен Викса, заедно со неговата колешка Викторија. Тие одлично се снајдоа во улогата на млад брачен пар кој го живее својот сон во својата куќа од соништата.

Kukja od sonishtata_Tehnomarket i Samsung (7)

Меѓународниот саем за металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, Технома, ќе трае до 19 октомври 2013 година. Во тој период, сите посетители ќе можат од 10.00 до 19.00 часот да ја посетат и да ги тестираат Самсунг производите во уникатната куќа од соништата на познатите брендови.

- Реклама -