Хуго Корнелиер (19) толку обожува да се слика секој ден, што цели 7 години правел селфиња.
Неговата опседнатост со самофотографирањето се претвори во едноминутен видео запис со околу 3.000 фотографии.
Резултатот е импресивен, бидејќи младиот човек успеал да прикаже период на своето растење и созревање, но и физичка трансформација.
– Се започна кога татко ми ми купи камера. Сфатив дека никој до сега не ги прикажал своите тинејџерски години. Помислив дека сакам да го направам тоа. Кога би го пропуштил своето растење, би се чувствувал лошо, раскажува Хуго Корнелиер за Дејли Мејл.