СДСМ: Рекордно зголемување на пензиите од 900 денари и финансиска помош од 1.000 денари за пензионерите

„Владата предводена од СДСМ и претставниците на пензионерите постигнаа историски договор за нова методологија со која пензиите се покачуваат просечно за 900 денари, како и 1.000 денари за финансиска помош за пензионерите“, соопшти СДСМ, посочувајќи дека „над 330.000 пензионери во овој период на криза, ќе добиваат по 1.000 денари во наредните три месеци, за достоинствен живот“.

Од владејачката партија потенцираат дека„ ова е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата“.

„Околу 12.000 денари плус ќе легнат на сметките на пензионерите оваа година“, велат СДСМ.

„Дури и во време на криза, СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и продолжува да го заштитува стандардот на граѓаните“, се додава во соопштението.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО
- Реклама -