Од владејачката партија СДСМ денес излегоа со соопштениеоколу висината на платите во 2024 година. Од месец март следува ново покачување на минималната плата и ќе биде 22.500 денари, нагласија од партијата.
„Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година. Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја зголеми и просечната плата на 39.000 денари. Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година. Воведовме законски решенија, коишто содржат методологија за пораст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата. СДСМ продолжува и натаму да го штити стандардот на граѓаните и да го вреднува трудот на работниците.“, се вели во соопштението.