СДСМ: Нови пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати од Пловдив како тој на Христовски, Обвинителство мора да реагира

Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати од Пловдив, Бугарија. Медиумите јавуваат за поднесени нови пријави до ЈО како и за веќе завршени судски пресуди на директорки на јавни установи кои по кривична пријава од МВР се казнети затоа што приложиле сертификат од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“.

Станува збор за истото место и истото правно лице од каде што е и сертификатот на партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски.

За случаите со двете директорки, МВР постапило и воопшто не чекало да се изјасни Државната комисија за спречување на корупцијата туку реагирале.

МВР и Тошковски и во случајот со Христовски треба да реагира на истиот начин. Да не чека туку неселективно да постапи по закон и да му поднесе кривична пријава за основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистината содржина“.

Прочитајте и:  ЈПДП: Клубот „The Distinguished Gentleman’s Drive” доби дозвола за непречено движење, патарината е во фаза на фактурирање

И Јавното обвинителство мора да реагира, согласно своите надлежности да отвори истрага за утврдување на одговорност за скандалот со незаконското поставување на директор на АНБ.

СДСМ поднесе иницијатива и бараме свикување на собраниската Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР на којашто ќе биде поканет директорот на АНБ и ќе даде одговор на сите прашања и основани сомнежи.

- Реклама -