СДСМ најавува 600 милиони евра за развој и поддршка на бизнисот во новиот мандат

Во економската програма на СДСМ за новиот мандат, меѓу другото се предвидени 600 милиони евра за развој на бизнисот, за фирмите, за нови работни места, за иновации, за стартапи, за младите, за работа, како што велат од СДСМ, „тука дома, во нашата татковина“.

Од СДСМ најавуваат зголемување на поддршката за домашни и странски инвестиции и истата ја проектираат во износ од 300 милиони евра до крајот на мандатот.

Згора на ова, од СДСМ ветуваат уште 300 милиони евра европски средства за развој на домашната економија.

„Ги унапредуваме условите за работа во ИТ индустријата која е генератор на илјадници добро платени работни места.

До 2023 година персоналниот данок во ИТ индустријата го намалуваме до 0%.

Заедно со мерките на повраток на персоналниот данок, директно во самата индустрија, за конечно сите во ИТ индустријата да плаќаат 0% данок.

Ќе развиеме и еден нов модел на номади и слични меѓународно признати механизми, за развој на оваа важна индустриска гранка.

Прочитајте и:  Лефков: Дрин Ахмети книжел милиони под закрила на институциите водени од кадри на ДУИ

За оние кои сакаат да се обучуваат, доообучуваат или преквалификуваат, обезбедуваме целосен поврат на персоналниот данок за обука, дообука и преквалификација.

Покрај младинскиот додаток на плата од 3.000 денари, уште повеќе инвестираме во младите и во намалувањето на младинската невработеност.

Развиваме целосно нови стратегии преку грантови или неповратни средства од 5.000 – 15.000 евра за млади и жени за отворарање на сопствени бизниси, каде државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех.

Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години. Парите ќе одат директно на сметка кај младите.

Ова е само дел на економската програма на СДСМ. Во изминатите 2,5 години засилено инвестиравме во човечкиот капитал и во стопанството.

Покажавме дека можеме да обезбедиме подобри услови за работа.

Во наредните 4 години продолжуваме со засилено темпо.

Затоа граѓаните на 12 април ќе ги поддржат победничките политики на СДСМ“, порачуваат од пapтијата.

- Реклама -