СДСМ: Со најавата дека нема да го поддржи пописот, ВМРО-ДПМНЕ повторно го покажува своето антидржавно однесување

„Најавата на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат дека нема да го поддржат пописот повторно го покажува нивното антидржавно, неодговорно и деструктивно однесување, спротивно на националните интереси“, обвинуваат од СДСМ.

Од владејачката партија велат дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција, важен процес за да имаме целосни податоци кои се битни за креирање политики и натамошен рамномерен развој на сите сфери во државата.

„Пописот ќе биде спроведен согласно сите стандарди и прописи на ЕВРОСТАТ, целосно усогласено со меѓународните пракси“, уверуваат оттаму.

„Со Предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција повеќе никогаш да не се третира како политичко прашање кое ќе зависи од волјата на партиите и партиските лидери, туку како оперативно-статистичко.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

Наводна загриженост на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго освен очаен обид оваа статистичка операција да се одложи и дополнително да се политизира“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Тие уверуваат дека сите европски и светски стандарди се задоволени. Такви уверувања, велат, има и од Државниот завод за статистка, кој е дециден дека сите стандарди се задоволени, па дури и повеќе од тоа, и дека ќе се преземат сите можни мерки да се спречи двојно попишување.

„Попишувањето на граѓаните е законска обврска, а не желба на поединци и затоа во 2021 година, 19 години од последниот попис, Република Северна Македонија ќе спроведе попис на населението“, категорични се од СДСМ.

- Реклама -