И СДСМ го менува името: Две можни варијанти во игра

Новото име на државата почнува да се применува од оваа недела, а промена на името, или барем модификација, ја чека и владејачката партија. Промената на името на СДСМ би можела да се реализира уште на претстојниот конгрес на партијата закажан за 3 март, кога официјално ќе се одлучува со кој кандидат СДСМ ќе настапи на претседателските избори, открива висок партиски функционер за „Независен весник“.

Според партиските извори, едната варијанта е СДСМ да ја задржи кратенката, но таа да добие поинакво значење:  Социјалдемократи на Северна Македонија (СДСМ). Друга можна варијанта е име на партијата кое нема да го вклучува името на државата, по примерот на многу други левичарски ориентирани европски социјалистички и социјалдемократски партии. Во вториот случај, СДСМ би станала Социјалдемократски сојуз (СДС).

Повеќе на „Независен“.

 

- Реклама -