СДСМ: Дали Мицкоски одработува за криминалци и се обиде да ја саботира полициската акција?

„Дали Христијан Мицкоски намерно пласираше информации во јавноста за да се саботира голема полициска акција на нашите институции, МВР и меѓународни органи со помош на нашите стратешки партнери, саботажа која не успеа?“, обвинуваат денеска од СДСМ, откако МВР уапси деветмина полициски службеници кои биле дел од мрежа која фалсификувала патни исправи и лични документи.

„Очекуваме официјални информации од надлежните институции кои треба да покажат дали Христијан Мицкоски одработува за криминалци“, велат од СДСМ.

Прочитајте и:  Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се секогаш подготвени, вели Мицкоски
- Реклама -