СБУ: Вчера беше спречен државен удар во Украина

Украинските власти објавија дека спречиле обид за државен удар, група се обидела да организира „провокации“ во Киев вчера, кога земјата го одбележува Денот на Уставот, објавија денеска разузнавачката служба и обвинителите на СБУ.

Плановите вклучуваа окупација на парламентот за време на демонстрации и формирање на „привремена влада“, се вели во извештајот.

-Во тек е истрага против четворица мажи, од кои двајца се во притвор. Во рациите беа пронајдени оружје и муниција, се вели во извештајот.

Осомничените може да се соочат со казна затвор до 10 години доколку бидат прогласени за виновни. Истрагата ја водат властите во Ивано-Франковск на западот на земјата.

Прогласена е безбедносна зона околу владиниот кварт во Киев, каде што е ограничен пристапот и правото на демонстрации.

Прочитајте и:  За да заврши војната во Украина, потребни се три чуда

Властите редовно известуваат дека се уапсени доушници и поддржувачи на Русија.

- Реклама -