Саудиска Арабија ги забрани Маја и Лорен

 

Саудиска Арабија издаде листа со 50 имиња, забранет избор за родителите, меѓу кои Линда, Лорен, Сенди и Амир.

Според арапскиот министер за надворешни работи, нацијата забранува ги имињата, бидејќи се спротивни на културата и религијата  или се странски, или несоодветни.

Меѓу останатите имиња се Алис, Елејн, Маја, Бенјамин , еквивалент за Бенџамин.

Имињата се вклопуваат во најмалку три категории: оние кои се спротивност на верските чувства, оние кои се поврзани со кралското семејство и оние кои немаат арапско или исламско потекло.

Голем број други имиња од списокот не се вклучуваат во ниту една од категориите, поради што луѓето немаат објаснување за нивното присуство во листовите.

Имиња како Абдул Наби и Абдул Хусеин, се контроверзни, поради многубројните начини на кои би можеле да се интерпретираат.

- Реклама -