Сателитски снимки: Руски конвој долг 27 километри на пат кон Киев

Киев, 28 февруари 2022 (МИА) – Сателитски снимки направени денеска покажуваат дека руските копнени сили продолжија да се приближуваат кон главниот град на Украина со воен конвој долг 27 километри, соопшти приватната американска компанија Maxar Technologies Inc.

Според соопштението, дел од конвојот се стотици оклопни возила, тенкови, артилерија и возила за логистичка поддршка. Тој продолжил да се движи кон југ кон Киев.

Прочитајте и:  Сијарто: Зеленски го вовлекува НАТО во украинскиот конфликт, а тоа значи светска војна
- Реклама -