Работите не личат ич на добро, многу матни работи се ова, пишува новинарот Саше Ивановски ака. Политико, во колумната посветена на истражувачката сторија објавена на „ПРИЗМА“ со наслов „Жив и надграден: Лукративниот бизнис клуб околу РЕК Битола“.
Ивановски, кој важи за еден од најголемите поддржувачи на власта, констатира дека во текстот се изнесени основани индиции за мecтени тендери и дека нема „нема ни Д од домаќинлук“ во менаџирањето на народните пари. „Наместо да се заштедат десетици милиони на изнајмување на опрема со тоа што РЕК конечно ќе набави своја механизација, пак гледаме истурање на огромни суми пари од кои боли глава, од ЕЛЕМ кон приватни фирми, за изнајмување на опрема.
Ивановски потенцира дека се работи за суми со 6 нули и во oчajyвачки повик до премиерот бара од него ако треба и лично влезе и да истражи што се случува во РЕК Битола, бидејќи таа не смее да стане пepaлница на пари на големо и ова да се стави под тепих. „Народот верува во тебе, јас верувам во тебе, те молам немој да нѐ разочаруваш“, вели Ивановски. Неговата колумна можете да ја прочитате ТУКА, а уште подобро, прочитајте ја сторијата на „ПРИЗМА“/БИРН.