Сарај, Гaзи Баба и Чаир со најголем број активни случаи на Ковид-19 во Скопје

Од 37-те новозаразени од Ковид-19 регистрирани во последните 24 часа во земјава, 12 се од Скопје.

По општини, 5 од новозаразените се од Гази Баба, по двајца има во Бутел и Чаир, а по еден има во Сарај, Карпош 1 и Аеродром, информираат од Министерството за здравство, пренесува МИА.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Скопје има 199 активни случаи на коронавирус. По општини, предводат Сарај – со 41 потврден случај, Гази Баба – 39 и Чаир – 38, а потоа следуваат Аеродром – 25, Бутел – 13, Ѓорче Петров – 9, Центар – 9, Карпош – 7, Илинден – 7, Шуто Оризари – 6, Кисела Вода – 3, и по еден во Студеничани и Петровец.

Денеска државата се наоѓа под 52-часовен полициски час, односно карантин, со цел да се спречи ширењето на вирусот за време на продолжениот викенд по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, но и празникот Рамазан Бајрам. И покрај тоа, како што пренесуваат медиумите, граѓаните не можеа да се пофалат со нешто посебно ригорозно почитување на мерките, а делови од главниот град живееја своја сопствена „паралелна реалност“ каде малку влијание имаше и полицискиот час. Погледнете на „Телма“.

- Реклама -