Samsung ги претстави Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge

После неколку месеци чекање, безброј протечени фотографии и спецификации, Samsung конечно претстави дел од најдобрите долгоочекувани уреди за оваа година – Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge.

Тие ќе бидат пуштени на пазарот од 10 април во 20 земји, со тоа што вториот модел ќе има повисока цена.

Оваа година Samsung се обложи на новиот дизајн и премиум материјали за да се бори со конкуренцијата. Но ќе помогне ли тоа за неговото враќање на врвот? Galaxy S5 не успеа да жнее голем успех во 2014, и сега производителот не сака да си ја дозволи истата грешка.

1

И двата модели имаат доста сличен дизајн. Galaxy S6 доаѓа со метално куќиште, со тоа што на предниот и задниот дел има стаклени панели. Galaxy S6 Edge го нуди истото, но кај него има заоблен дисплеј.

Нема како да не признаеме дека вечерва вниманието беше целосно насочено кон иновативниот S6 Edge.

Galaxy S6 ќе биде достапен со бела, црна, златна и сина боја, а S6 Edge ќе се нуди во бела, црна, златна и зелена. Од Samsung изјавија дека не ги штедат трошоци кога станува збор за материјали. Предниот и задниот панел се со Gorilla Glass 4, а металната рамка дава многу поквалитетно емитување, отколку претходно кога беше користена пластика.

2

Samsung не се фокусира само на дизајнот. Друг важен елемент при новиот предводник е процесорот – 8 јадрениот Samsung Exynos чип. Во прилог имаме и 5.1-инчен QHD Super AMOLED дисплеј. 3GB RAM, избор помеѓу 32/64 / 128GB внатрешна меморија, 16 мегапиксели задна камера со оптичка стабилизација на сликата. Уредите се со нов сензор за отпечатоци во „хоум“ копчето, кое веќе не бара да го повлечете  прстот врз него. На карактеристиките уште влегуваат вградена поддршка на Qi и PMA безжично полнење, подобро USB полнење, што е за 1,5 пати побрзо отколку кај Galaxy S5, 1,5 пати посилен звук и вградена поддршка на платежниот систем на Samsung Pay користејќи или NFC, или MFT (LoopPay) технологија за трансакции.

3

Факт се подобрениот дизајн и технолгии, но сето тоа има своја цена. Еден од главните белези на смартфоните на Samsung беше можноста за замена на батеријата, слотови за microSD картички и водоотпорност – ниту еден од нив нема да најдете во новите S6 и S6 Edge. Ова може да не им се допадне на дел од фановите на брендот кои се потпираат на овие функции, но едно е јасно – приоритет на Samsung е дизајнот, дури и тоа да доведе до помала потрошувачка база. Се разбира, Корејците обрнаа внимание и на софтверот, кој што веќе нуди 40% помалку функции отколку во S5.

Не е тешко да се согледа одговорот на прашањето, од каде Samsung ја црпи инспирацијата за својот дизајн на Galaxy S6 и S6 Edge – тој е доста сличен со оној на iPhone 6 (особено ако се погледне од одредени агли), a тоа што го нагласија Корејците, постои во  iPhone со години. Дури задната комора малку е испакната. Може да се каже дека S6 личи на хибрид меѓу iPhone 4 и iPhone 6, а S6 Edge има карактеристичен изглед.

4

 

Уште пред официјалното претставување Samsung најави дека новите хај-енд модели ќе имаат одлични камери и изгледа корисниците ќе го добијат токму тоа. Компанијата тврди дека ги игнорира критиките до моментов и обрнала внимание на овој дел од телефонот. Таа може да се вклучи лесно – едноставно мора да допрете двапати на хоум копчето, има автоматски фокус кој ги следи предметите во движење. Од Samsung исто така велат дека инфрацрвениот сензор на грбот, кој го мери пулсот, исто така може да игра улога и во подобрувањето на квалитетот на сликите.

5

Samsung Pay е новиот мобилен платежен систем на технолошкиот гигант. Тој ја користи технологијата од LoopPay која концептуално се базира на компатибилност со банкарските платежни картички кои имаат EMV магнетна лента. Ова автоматски значи целосна компатибилност со над 90% од издадените картички во светот. Samsung Pаy работи со NFC и автентикација преку сензорот за отпечатоци, со тоа шри таа ќе работи со MasterCard, Visa, American Express и други.

6 7 8 9 10 11 12

- Реклама -