Samsung го најави Galaxy S Duos, најновиот смартфон во Galaxy серијата. Со дизајн сличен на популарниот Galaxy S III, Galaxy S Duos има редок талент: способноста за користење на две SIM картички.
Подршка за две SIM картички би дозволила два посебни телефонски броеви на две посебни мрежи на истиот телефон. Ако службениот и приватниот телефон ви се на различни мрежи можете да го користите истиот телефон за двата броеви.
„Уникатниот “Dual SIM Always On” систем дозволува да добивате повици на едниот број додека разговарате на другиот, со што ќе можете да се справувате со работните и личните обврски без да пропуштите повик.“ Од Samsung велат: „Ќе ја имате флексибилноста да одберете различни договори за секоја картичка, и да менувате меѓу нив според вашите потреби.“
Galaxy S Duos има 4 инчен 480x 800 TFT тачскрин дисплеј и е опремен со Android 4.0 Ice Cream Sandwich. Во внатрешноста телефонот има процесор од 1GHz и 4GB вградена меморија и е опремен со задна камера од 5 мегапиксели. Однадвор телефонот изгледа како и Galaxy S III, големата разлика е само што Galaxy S III 4,8 инчен Super AMOLED екран со резолуција од 1280 x 720. [Samsung Galaxy S Duos goes official: launches in Europe next month]