Samsung ќе се обложи на метален дизајн во Galaxy S6

Веќе се достапни слики на концептот на следниот предводник на компанијата.

Последниот предводник на Samsung од Galaxy серијата излезе пред само 7 месеци, но гласините околу неговиот наследник S6 веќе започнаа да се појавуваат. Според некои од нив смартфонот ќе излезе во март следната година, еден месец пред вообичаениот датум. Веќе се достапни и неколку слики на концептот на уредот, како и видео снабдено од 3G.co.uk.

Визијата на S6 е прилично далеку од финалната верзија на смартфонот, која ќе ја видиме во 2015 година, но мора да се напомене фактот дека Samsung конечно се обложува на метал во својот дизајн. Компанијата го конструира телефонот со тоа што почнува од нула, или уште со т.н. “Project Zero”.

Samsung-Galaxy-S6-Photo1-HQ-1280x720

Според некои од гласините телефонот ќе личи на Galaxy Alpha по тоа што ќе видиме дисплеј со свиткани рабови од двете страни. Видеото покажува и 20-мегапикселна камера, како и “HD камера за селфи”,  скенер за отпечатоци, сензор за срцевата фреквенција и звучник кој според компанијата ќе обезбедува стерео звук на грбот. Ако Samsung навистина почнува од нула со дизајнот, тогаш ова воопшто не изгледа чудно или необично.

Mobile World Congress започнува во март и се претпоставува дека тогаш најрано можеме да видиме што точно ќе претставува новиот предводник на Samsung. Можеме да очекуваме доста материјал, како и гласини и детали за уредот, но и овие не се воопшто малку, за да ни ги покажат плановите на компанијата.

- Реклама -