Samsung ќе ја почне годината со нови таблети

Samsung ќе биде многу активен во наредниот период и се чини дека воопшто нема да се одмори за време на празниците бидејќи уште во јануари ќе бидат претставени четири нови квалитетни таблети. 

Планот на Samsung е да лансира нова серија на таблети кои ќе ги задоволат сите вкусови и потреби со понуда во сите категории од најевтината до премиум класата. Меѓу нив ќе видиме нов евтин таблет со LCD екран Galaxy Tab 3 Lite кој ќе се продава по неверојатна цена од само 150 долари.
Понатаму на менито е и таблет од премиум класата со квалитетниот Super AMOLED екран Galaxy Note 12, како и уште поголем таблет со големина од 13 инчи кој ќе влезе во категоријата на хибриди бидејќи ќе може да се трансформира во лаптоп. Серијата ќе ја заокружи и таблетот со оперативен систем Windows 8.1 Ativ Q.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk
- Реклама -