Samsung ги продолжува успесите со Galaxy серијата, а денеска го објави и лансирањето на новиот Galaxy S II Plus, подобрена верзија на мулти-милионски продаваниот Galaxy S II Android паметен телефон кој се појави во продавниците во април 2011 година.
Новиот Galaxy има 4.3-инчен Super AMOLED Plus WVGA екран со 800×400 резолуција, 1.2 GHz dual-core процесор, 1 GB RAM-меморија, 8GB внатрешна меморија (со поддршка за 64GB за MicroSD складирање) ио 1650 mAh батерија.
Тој исто така нуди камера со 8 мегапиксели, и предна камера со 2 мегапиксели.
Иако од Самсунг сѐ уште не објавиле, најверојатно ќе има две верзии на смартфонот, со или без NFC фунцкионалност.
Galaxy S II е најдобро продаван уред за Корејската компанија, но Самсунг исто така покажа имресивна продажба и на Galaxy S III, кој неодамна доби помал и помалку моќен брат – Galaxy S III Mini.
Сепак, Самсунг убедиво забележа голем успех со своето разновидно портфолио за паметни телефони, а ќе се обиде на новиот Galaxy S II да му даде подолг рок на траење на популарните пазари.
Сѐ уште нема детали за тоа кога телефонот ќе се појави во продажните салони и колку тој ќе чини.