Samsung Galaxy SmartWatch е големо разочарување

На интернет се појавија први слики од најавениот паметен часовник на Samsung кој е наречен Galaxy Gear, но според тоа што може да се види направен е многу лош концепт кој тешко дека ќе ве импресионира.

Според првите конкретни информации Galaxy Gear ќе има гломазен екран од 3 инчи со голем простор над и под екранот што е едноставно премногу за часовник кој треба постојано да го носите на раката. Всушност Galaxy Gear изгледа како мини Samsung Galaxy телефон, но таа идеја е премногу лошо реализирана.

samsung-galaxy-gear-4

Вториот недостаток е што паметниот часовник Samsung Galaxy Gear ќе работи на батерија која издржува само 10 часа и e огромна пречка за било кој корисник. Неприфатливо е часовник, па макар тој бил и „паметен“ да мора да го полните секој ден.

Во однос пак на неговите функции има мала надеж бидејќи Samsung Galaxy Gear ќе има опции за поврзување со вашиот смартфон, како и посебни апликации како S Health за мерење на работата на срцето и водење дневник за тие што имаат физички вежби.

samsung-smartwatch-3

Остануваат уште два дена до официјалната промоција на Samsung Galaxy Gear и се надеваме дека ова е само првичниот прототип и дека навремено ќе бидат отстранети сите недостатоци, во спротивно паметниот часовник на Samsung е осуден на пропаст од самиот старт.

samsung-smartwatch-1

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -