Излезе Samsung Galaxy SIII mini

На пазарот на смартфони се појави уште еден уред од Samsung, долго очекуваниот Galaxy SIII mini. Но, доколку очекувавте овој уред да биде намалена верзија од неговиот ултра моќен поголем брат, тогаш можеби и ќе се разочарате.

За разлика од еден од најмоќните смартфони што можете да ги купите во моментов, намалената верзија на SIII доаѓа со Super Amoled WVGA дисплеј од 4 инчи (10,16 сантиметри), дуал кор процесор од 1 гигахерц, 1 гигабајт рам, задна камера од 5 мегапиксели, вградена меморија од 16 гигабајти и можност за надополнување на меморијата преку микро SD картичка до 32 гигабајти.

Новиот Samsung Galaxy SIII mini ќе функционира со оперативен систем Android 4.1 Jelly Bean, но разочарувачки е фактот што ќе има резолуција од само 800х400, што е исклучително ниско кога станува збор за напредните уреди на Самсунг.

Примарно, овој телефон ќе биде наменет за европскиот пазар и ќе чини 399 евра. [Galaxy SIII mini]

- Реклама -