Home Технологија Гаџети Samsung Galaxy S7 и S7 Edge: Тест на издржливост

Samsung Galaxy S7 и S7 Edge: Тест на издржливост

0
Samsung Galaxy S7 и S7 Edge: Тест на издржливост

test

Најновите смартфони на Samsung – Samsung Galaxy S7 и S7 Edge, се веќе достапни на пазарот, а тоа им овозможува на професионалците и аматерите да почнат со разноразните тестови и да се расфрлаат со оценки.

Компанијата SquareTrade – осигурител на смартфони, уште еднаш ги направи традиционалните тестови за издржливост на новите уреди. Резултатите од тестот покажуваат дека новите модели S7 се поводоотпорни од своите претходници S6, а дисплеите им се исто толку издржливи против кршење.

И додека моделите S7 покажаа добри резултати на тестот по водоотпорност, двата смартфона „не се покажаа СОСЕМА водоотпорни”, што не е баш сјајно со оглед на тоа дека беа рекламирани како целосно отпорни на вода и до длабочина од метар и половина, во период од 30 минути.

Тестовите на SquareTrade покажуваат дека, сепак, по 30 минути на слична длабочина и двата модели пројавуваат нарушување во квалитетот на звукот, макар што дисплеите остануваат целосно функционални и здрави. И покрај тоа, моделот S7 се покажа како далеку подобар „под вода“ од главните конкуренти iPhone 6S и 6S Plus, па и се здоби со титулата „најводоотпорен смартфон“ (според компанијата).

Двата нови модели беа тестирани и во однос на издржливоста на притисок. Стаклената опачина не се покажа поиздржлива од онаа на претходниот модел.

При страничен пад од височина од 1.8 метри, и двата нови модели се покажуваат подобро во однос на штетите на аглите кај моделите iPhone 6S.

При пад од иста висина на директно на дисплејот, екранот на S7 се крши од прва, додека оној на S7 Edge се крши при вториот обид.

Во однос на свитливоста, моделот S7 Edge го трпи истиот притисок како S6 Edge, се витка при притисок од околу 50 килограми и се крши при притисок од 77 килограми.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here