Претставен Samsung Galaxy S3


Samsung го претставија новиот дизајн на нивниот најпродаван телефон од претходната година. Пазарот на смартфони повторно се придвижува напред, со напредниот Galaxy S3 кој ќе може да биде контролиран со глас. Телефонот најверојатно ќе претставува нов лидер за Андроид оперативниот систем на Google.

Најиновативниот елемент во телефонот е вградената технологија за следење на лица и гласовна контрола – која, според тврдењата на Самсунг, претставува „поприроден“ контролен систем. Самсунг тврди дека иновативни елементи како „поинтелегентен“ систем за заклучување, кој го чува екранот во „будна“ состојба ако камерата препознае око наместо да го исклучи.

Системот за гласовна контрола е наречен S Voice – и истиот овозможува пристап до метеоролошки прогнози, интернет пребарувања и закажување состаноци, слично како Сири системот во iPhone. Ако речете „Сакам да направам фотографија“ ќе биде лансирана апликацијата на камерата – и кога телефонот ќе биде пуштен во продажба системот ќе работи на осум јазици.


S Voice ќе може и да одговара што според Самсунг ќе дозволи користење на системот во возење. Телефонот ќе биде достапен во сина и бела боја и ќе биде пуштен во продажба во мај, прво во Европа па потоа во другите региони. Самсунг го искористиле своето искуство со создавање на екрани создавајќи го 4,8 инчниот Super AMOLED екран – далеку поголем од оној на Apple iPhone и близок до оној на најмалите таблет компјутери.

S3 ќе биде опремен со quad-core процесор – сличен на оние кои се употребуваат во лаптопи и далеку помоќен од dual-core процесорот во iPhone. Телефонот исто така ќе има и NFC чип – near-field-communications – кој ќе им овозможи на корисниците да споделуваат содржини како видео само со допирање на телефоните. И ако ви е здодеано од кабли, посебниот пакет за безжично полнење ќе ви овозможи да го полните својот телефон без да го приклучувате во струја.

Од Самсунг посочуваат дека иако екранот е 22 проценти поголем од оној на претходниот, рамката околу него била намалена што дозволило новата направа да ги зачува речиси истите димензии. Телефонот ќе биде пуштен во продажба на 29 мај во Европа и десет градови надвор од Европа, меѓу кои се Токио и Дубаи. NFC чипот ќе овозможи и полесно мобилно исплаќање, во соработка со Visa. „Виртуелниот паричник“ на направата ќе го олесни плаќањето.

Телефонот ќе има и батерија која наводно ќе трае подолго од оние во другите направи – и покрај тоа што целиот телефон е дебел само 8,6 милиметри и тежи 130 грама. Камерата од осум мегапиксели е еднаква на онаа во iPhone 4S и претходниот Galaxy S2. [Samsung Galaxy SIII packs 4.8-inch display, “S voice” control]

- Реклама -