Вчера официјално беше претставен Samsung Galaxy Round првиот мобилен телефон со флексибилен и заоблен екран во светот.
Секоја чест за Samsung што успеа да излезе на пазарот со голема иновација и тоа пред неговиот најголем конкурент LG кој имаше почетна предност со нивниот 6 инчен OLED екран.
Samsung Galaxy Round е одличен телефон покрај фактот што има најуникатен екран поседува и 5.7 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 1080 x 1920, четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 800 процесор, Adreno 330 графичка, 3 GB RAM, 32 GB вградена меморија и 13 мегапикселна камера.
Од следното видео може одблиску да погледнете како изгледа неговиот заоблен екран како и работата на оперативниот систем во кој се додадени неколку опции како новитетот Roll and Gravity специјално наменети за Samsung Galaxy Round.
[youtube]http://youtu.be/mSKV8wkqsAk[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk