Samsung Galaxy Round – првиот паметен телефон со флексибилен дисплеј во светот

Еве го и него – Samsung го претстави својот прв паметен телефон со флексибилен дисплеј во светот под името Galaxy Round. Уредот што сите знаевме дека се поставува , нуди огромен 5,7 -инчен екран со блага крива , а допрва корисниците ќе тестираме дали има смисла во овој дизајн.

Samsung Galaxy Round има 5.7 ” Full HD AMOLED извиен дисплеј и една од неговите први карактеристики е користењето на дизајнот наречен Round Interaction. Кога уредот е на биро или друга рамна површина, можете да го наведнете малку со раката кон себе и врз екранот ќе се појават информации затоа колко е часот или колко ви е наполнета батеријата . Всушност тоа е истата информација , која се појавува при движење на раката над Samsung Galaxy S IV.

Инаку смартфонот нуди quad-core процесор на 2.3 GHz, најверојатно чипот Snapdragon 800, 3 GB RAM меморија, 13 MP камера, батерија со капацитет 2800 mAh и Android 4.3. Galaxy Round е тенок 7,9 милиметри и тежи 154 грама.

Samsung објави дека Galaxy Round ќе се појави на пазарот во Кореја уште од утре, 10 октомври, а цената е околу $ 1000. Засега нема информации дали ќе го видиме моделот и во Европа.

[youtube]http://youtu.be/UIEExKSjWi4[/youtube]

Ве потсетуваме, дека се очекува и LG да претстави свој модел од таков тип. Компанијата веќе објави дека производството на моделите веќе е во тек.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -