Италијанец си го остварил сонот да стане татко, посвојувајќи девојче со Дaунов синдром, напуштено од мајката.
Лука Трапанесе добил родителски права над малата Алба кога таа била стара само 13 дена. Таа веќе била одбиена за посвојување од 20 семејства поради нејзиното нарушувaње.
Лука со години работел како домаќин на центри за нега за луѓе со посебни потреби и отсекогаш сакал да стане татко.
Поради тоа, и покрај тоа што нема партнер, тој одлучил да „притиснe“ околу усвојувањето на Алба, која сега ужива во среќата со нејзиниот татко.
„Им ги испраќаме сите наши најдобри желби на Лука и Алба! Лука е човек со големо срце и благодарение на него ова мало девојче има светла иднина пред себе“, пишуваат на социјалните мрежи.