Саемот и конференцијата – стручни предавања „Beauty & Health“ ќе биде најголемиот и најочекуваниот настан на годината, ќе се одржи на 5 октомври 2024 година во луксузниот хотел „Лимак“ во Скопје. Овој револуционерен настан ќе биде единственото место на кое ќе се откријат најновите тајни и напредокот во областа убавина и здравје.
Детали за настанот:
Датум: 5 октомври 2024
Локација: хотел „Лимак“, Скопје (https://www.limakhotels.com/skopje))
Отворено од 09:00 до 20:00 часот
Што сѐ ве очекува:
Саем – презентации, промоции, третмани, лансирање нови производи, консултации, нови апарати, производи, препарати, иновации
Конференција – стручни предавања – стручни презентации за најновите трендови, иновации, опрема и напредокот во областа естетска и реконструктивна медицина, а стручните лица од областа здрави животни навики ќе се осврнат на најновите техники во доменот на здраво размислување и здрави животни навики во исхраната.
И што уште?
Networking, нови контакти, место за дружење и нови идеи
Консултации со еминентни професионалци (само за лицата со ВИП-карти во вредност од 600 денари)
Зошто е важно да сте дел од овој настан оваа година?
На едно место, ќе ја дознаете ВИСТИНАТА за иднината на естетиката
Единствен: Овој единствен настан е единствен од тој вид во 2024 година кој ги нуди ексклузивните согледувања на водечките професионалци во областа Beauty & Health индустрија на едно место.
Големо и возбудливо: Бидете на местото каде што реномирани доктори ќе ги презентираат најновите трендови во естетската хирургија, а излагачите на саемот ќе ги презентираат најновите техники и третмани.
Брзо и лесно: Доживејте ја иднината на естетиката со брз и лесен пристап до најсовремените решенија за полесен и поубав пристап за себе и за своите потреби и цели.
Како до карти?
Лесно – само клик на: линк
Влезниците за 2. Саем и Конференција Beauty & Health се во продажба!
Цена на влезниците:
250 денари – редовна карта
600 денари – ВИП-влезница (ограничен број)
1500 денари – ВИП-влезница за саемот и конференцијата (ограничен број)
Редовна карта
Вие сте нашиот добредојден посетител на саемот! Истражете сѐ што може да ви понуди саемот на убавина и здравје.
ВИП-влезница:
Добијте ексклузивен пристап! Искористете ја посебната можност да резервирате 10-минутна консултација со лекарите 1 на 1 по стручните предавања.
Консултациите можат да се закажат со праќање порака во ДМ на нашиот IG-профил.
ВИП-влезница за саемот и конференција:
Бидете чекор пред посетителите на овогодинешниот 2. Саем и Конференција Beauty & Health во Скопје!
Со оваа влезница, покрај на саемот, ќе можете да присуствувате и на сите стручни предавања! Слушнете ги врвните професионалци од областа естетска хирургија, психологија, NLP, здравје и уште многу од нив. Дознајте повеќе за најновите трендови и иновации кои ќе ги подигнат на повисоко ниво вашата убавина и вашето здравје.
Подгответе се да ги откриете најефикасните иновативни решенија за убавина и здравје. Следете ја нашата страница на Инстаграм „Beauty Congress“ и дознајте повеќе за настанот.
Меѓународни учесници на саемот:
На саемските штандови, покрај продажба и промоции, предвидено е и време за промоција на козметички апарати, препарати, за демонстрација и промоција на физикални третмани и козметички процедури, техники на нанесување шминка, рутина за нега на кожата, презентации на тема здрави животни навики, разговори на тема здрава исхрана, напитоци и физичка активност.
Лансирање на производи:
Со оглед на тоа што октомври е месец на подготовка за зимската сезона, кога сите размислуваме на кои сѐ области и здрави навики ќе се посветиме следната година, ова е одлична можност, со лансирање и презентација на нови производи, излагачите да се поврзат со другите излагачи, но и со посетителите кои сигурно се во потрага за најновите иновации во областа на естетиката и здравите животни навики.
Запознајте го нашиот ЗЛАТЕН СПОНЗОР
Inked Planet е лидер во продажба на опрема и материјали за трајна шминка и тетовирање. Inked Planet е увозник и дистрибутер на комплетен асортиман производи, вклучувајќи машини, пигменти, кертриџи и потрошен материјал. Со гордост ги претставуваат реномираните глобални добавувачи, како што се Microbeau, Permablend, Kvadron и други.
Со 25-годишно искуство во увоз и дистрибуција од своето седиште во Нови Сад, Inked Planet е посветен на популаризација и промоција на трајната шминка во Србија и регионот. Целта им е да ги поддржат регионалните уметници и да го прикажат нивниот талент на глобалната сцена.
” Net Press” и „Убавина и здравје„ – Meдиумски покровител
Кои се овогодишните претставници?
1. Beauty Academy – едукатори за свилени трепки, масажи (мадеротерапија за тело, лице и детокс), ламинирање веѓи и трепки и микроблејдинг
2. Inked Planet – продажба на комплетен материјал за PMU
3. Natasa Hiler – едукатор за микроблејдинг, ajлајнер и пудра за веѓи
4. SQT – дистрибутер за SQT Biomicroneedling
5. Aestheticа – претставник на светските брендови во естетиката и професионалната медицинска козметологија
6. Mccosmetics – врвни производи за естетска медицина и козметологија
7. Vecom – производство и продажба на опрема за козметички салони, wellness и нега
8. Clinisept+ – производи за нега на кожа
9. My Spa – физио и терапевтски третмани кои ја зголемуваат вашата работна продуктивност и животна енергија
10. Chogan– палета на производи од секторите за парфеми, лице, тело и косa
11. Air brush – естетски бутик за убавина
12. Be Power– дистрибутери на производите за нега на лице, тело и коса
13. Marketarica – дознајте како најдобро да се претставите во дигиталниот простор
14. Trisic piercing – академија за пирсинг
15. Trisic shop – диоден ласер, ламби, airbrush, алати и накит
16. Royal S lashes – бренд за надградба на свилени трепки
17. Beauty Med – претставници на светските брендови Candela Medical, Sinclair EBD, InMode, Hidrafacial и уште многу повеќе
18. Vatan Med – естетска клиника за трансплатација на коса, брада, веѓи и за третман на коса во Скопје
19. Maja Balova – ПМУ-тренер и мастер за трајна шминка
20. Derma Bella – естетска медицина и козметологија
21. Janssen cosmetics – ексклузивни и високоефикасни фармацевтски производи за нега на лице и тело
22. Waterdrop®– иновативен нов светски тренд – правење микронапитоци дизајнирани за водата да биде вкусна и интересна за пиење
23. MCCM cosmetics – медицинска козметичка компанија
24. Tiande козметика (небесно совршенство) – билна козметика и препарати по примерот на традиционалните козметички препарати од Кина, Русија, Тибет; козметиката има највисоко ниво на квалитет по ISO 9001 GMP
25. KK Beauty Line – едукации за brow & lash lifting
26. Sonix – квалитетна и wellness опрема
27. Power house – специјализирана продавница со најголем асортиман на спортски суплементи од најдобрите и најквалитетни светски брендови
28. Halk bank – поволни кредити
Меѓународни предавачи на овогодишната конференција Beauty & Health
Локација: хотел „Лимак“, Скопје ([хотел „Лимак“](https://www.limakhotels.com/skopje))
Официјални јазици: македонски, српски и англиски
Најважно на дневен ред:
9:00 – 9:05
Краток вовед и преглед на дневни настани
9:05 – 9:10 Поздравен говор
д-р Јасмина Ѓ. Павловска, пластичен и реконструктивен хирург
9:15 – 9:45
Предавач: д-р Јасмина Ѓ. Павловска, пластичен и реконструктивен хирург, Северна Македонија
Тема „Напредок во техниките за подигање нишки со APTOS-нишките“
Откријте ги најновите достигнувања во техниките за подигнување конци и нивните предности.
9:50 – 10:20
Предавач: д-р Диана Мужиќ, д-р дент. мед., Хрватска
Тема „SQT Biomikronidling кај алопеција“
10:25 – 10:55
Предавач: д-р Емилија Минова, сертифициран дерматовенеролог, Северна Македонија
Магистрирала на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Риека. Постдипломска научна програма за едукација од нехируршката естетска медицина
Тема „Biomicroneedling – механизам за поправка на клетките“
11:40 – 12:10
Предавач: Марина Анчевска, мастер-тренер на системскиот NLP
Тема „NLP-техники за личен и професионален раст“
Истражете ги напредните NLP-техники за унапредување на личните и професионални цели и развој.
12:15 – 12:45
Предавач: м-р Мила Цветковиќ, психолог и психотерапевт, Северна Македонија
Тема „Самодовербата и физичкиот изглед!“
М-р Цветковиќ ќе се занимава со улогата на физичкиот изглед во обликување на самодовербата и влијанието на целиот процес на личен развој.
12:50 – 13:05
Предавач: д-р Маја Петаноска, д-р дерматовенеролог, Северна Македонија
Тема „Hidracelular energi hidralift третман“
13:10 – 13:25
Предавач: спец. д-р Даниела Михајловска, Северна Македонија
Тема „Нехируршка интервенција: инјекциски решенија за совршен изглед“
15:10 – 16:40
Предавач: д-р Роберто Аморе, д-р по естетска хирургија, Италија
Тема „Новиот концепт на биомодулација со засилувачи на кожата“
Откријте ги иновативните техники на биомодулација и како тие го подобруваат третманот на кожата.
16:45 – 17:15
Предавач: д-р Хрвоје Реил, специјалист по трудова медицина и спортска медицина, Австрија