Ако сте од оние кои џепарлакот го оставале на флипери, сигурно ќе ви се допаднат овие дизајни. Имено, по желбата на различни дизајнери, денес фудбалери можат да бидат и Хитлер, Дедо Мраз, па дури и Барби куклите. Погледнете ги најкреативните варијанти на „маси за фудбал“, кои се создадени низ светот.
Доброто против злото
Претставниците на групата Eleven Forty решиле да погледнат филозофски на проблемот за доброто и злото, на тој начин што вклучиле различни ликови во својата верзија за фудбалче. Во редовите на позитивните ликови тие ги ставиле Дедо Мраз, Мери Попинс, доктор Џекил, Мајка Тереза, па дури Бог. Од другата страна на линијата се Луцифер, Калигула, Мистер Хајд и Адолф Хитлер.
Хибриден фудбал
Австријците од Sociable Media Group создадоа хибриден фудбал на маса. Пронајдокот овозможува да се одржуваат првенства како во живо, така и во виртуелната реалност.
И Барби сака да игра
Француската дизајнерка Клои Рушон смета дека фудбалот не е само за мажи и затоа решила да создаде фудбал со учество на Барби кукли.
Star Wars Foosball Table
Приврзаниците на сагата на Џорџ Лукас сигурно ќе бидат фасцинирани да одиграат едeн жетон, на табла која го носи името Lego Star Wars Foosball Table.
XXL
Најдолгата маса за играње е создадена од Amstel и се наоѓа во Амстердам. За еден тим кој ќе игра на Table Football XXL се потребни 22 играчи.
Две во едно
Некои дизајнери имаат далеку попрактични идеи. На пример Британците од Trifle Design, создадоа маса – фудбал и масичка во едно.
Фудбал, маркетинг и пиво
2eleven претставува доста интересна маса, која има дисплеи на кои може да прикажат различни реклами. Таа е опремена и со држачи за пиво.
Златна маса
Компанијата BlingMyThing пак објави златна маса фудбал. Вредноста на The Foosball Table of Kings-Lux Gold е 29 724 долари.
Вистински луѓе на „теренот“
Во некои земји се практикува и фудбалче со вистински играчи или Human Table Football. Овој спорт е доста интересен и комплексен.
Столици
На масата Ultimate Clash of Generations не учествуваат живи луѓе, туку … столици. Тие се дело на различни дизајнери и навистина се доста интересни.