Само во Русија: Наместо да ги чистат улиците од снег, поставуваат нов асфалт

На веб-сајтот English Russia, се појави чуден наслов – „Падна снег? Време е да посипеме асфалт“. Иако шегите за Русија и дека таму се функционира обратно се прилично популарни на Интернет, ова не е една од нив. Сликите наведени подолу се доказ дека Русите прееферираат да посипат асфалт, наместо да го исчистат снегот.

И самите руски граѓани се збунети од ваквиот чекор „Можеби не разбираме нешто поврзано со технологијата на поставување асфалт, но сепак, ова изгледа многу чудно“. И навистина, општо-познато е дека асфалтот се поставува на суви и рамни места, а снегот дефинитивно може да го оштети. Тогаш, што е идејата зад сето ова?

Наводно, се работи за корупција. Како што претпоставуваат некои од граѓаните, локалните власти ја доделуваат изградбата на свои/блиски фирми, кои исто така се задолжени и за одржување на улицата. Бидејќи се трошат буџетски пари, во интерес на фирмите е што побрзо да дојде до оштетувања, за да можат повторно да „ќарат“ дел од буџетот на локалните општини.

asphaltlaying004-46 asphaltlaying004-41 asphaltlaying004-37 asphaltlaying004-34 asphaltlaying004-33 5 asphaltlaying004-47asphaltlaying004-28 asphaltlaying004-24 asphaltlaying004-26

Што мислите вие? Имате поинакво објаснување? Очекувате ли во иднина истото да го видиме и на нашите улици?

- Реклама -