Во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-1, сите во Скопје, информира Министерството за здравство.
Пријавени се вкупно 5 починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г).
Регистрирани се 45 оздравени пациенти, од:
• Скопје – 24
• Битола – 6
• Куманово и Радовиш – по 4
• Виница – 3
• Тетово, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 796.157 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.
Вакцинацијата продолжува да се одвива непречено на сите пунктови низ државата, велат од Министерството. Според нивните податоци, досега вкупно се аплицирани 315.781 дози вакцини. Ревакцинирани се 81.273 граѓани.
Во саботата, вкупно се вакцинирале 10.792 граѓани. Прва доза вчера примиле 597 граѓани.
Со последните бројки 47% од населението над 70 години, односно 41% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. Досега на платформата vakcinacija.mk се пријавиле вкупно 431.770 граѓани.