62-годишната Јуксек и 67-годишната Марифет живеат во турското село Ризе. Нивните куќи се отсечени од останатиот дел на селото со непристапен терен, а и двете имаат сериозни проблеми со нозете и се движат со патерици.
Општината долго време беше глува кон нивното барање да им помогне, па на Јуксек и Марифет им пукна филмот и ги преземаа работите во свои раце. Со помош од соселаните, тие изградија импровизирана жичара долга 250 метри, која се протега на височина од 70 метри.
„И двете одиме со патерици. За да излеземе од селото ни требаат неколку часа“, велат Јуксек и Марифет во тандем. Е па веќе не.