Пред неколку години Сам Сунг се прослави во светот како работник во продавница на Apple во Канада.Денеска тој ги продава својата униформа и легитимација од Apple, а парите ќе одат во добротворни цели. Тој во Apple бил вработен на позицијата „Специјалист“, позиција која му дава пристап до сите потрошувачи во продавницата.
Поголемиот дел од корисниците кога ќе го сретнеле за прв пат, мислеле дека станува збор за скриена камера.
Денеска, тој не работи веќе за Apple, а од тие денови му останале само легитимацијата и униформата(маица со логото на компанијата). Тој во рамка за слика ги продава двата предмети на eBay, а цената на аукцијата ја надмина цифрата од 6000 долари.
Аукцијата ќе трае до 15 август, а сите средства ќе бидат донирани во добротворни цели.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk